ФБИ не пронајде експлозивна направа на еден од двата авиони на „Ер Франс“

Од:

Агентите на ФБИ не пронајдоа експлозивна направа во авионот на „Ер Франс, кој сообраќаше на летот од Лос Анџелес до Париз.

Синоќа два лета на „Ер Франс“ од САД за Париз беа откажани, односно пренасочени и тие по полетувањето слетаа, едниот на територијата на САД, другиот во Канада.

Маршурите им беа променети поради анонимни дојави за бомби во двете летала.

Авионот „Ербас А-380“, полетал од Лос Анџелес, слетал во Солт Лејк Сити, во сојузната држава Јута, каде патниците и екипажот биле симнати од леталото и префрлени на терминалот.

Друг лет од меѓународниот аеродром Далс, покрај Вашингтон, бил пренасочен кон меѓународниот аеродром Халифакс во канадската провинција Нова Шкотка, исто така поради безбедноста закана.

И двата авиона слетале без проблеми.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано