ФБИ истражувале дали Трамп бил закана за националната безбедност

Од:

Американското ФБИ покренало истрага за претседателот Доналд Трамп откако тој го отпушти тогашниот директор на ФБИ Џејмс Коми. ФБИ денови по разрешувањето од фунцкија на Коми почнало со истрага за тоа дали Трамп работел со Русија против американски интереси, објави Њујорк тајмс повикувајќи се на свои извори.

Во истрагата се работело на проценка дали Трамп е закана за националната безбедност и дали намерно работел со Русија или имало само „случајно“ влијание на Москва.

Извори на весникот тврдат дека некои од највисоките безбедносни официјални лица биле особено сомничави за врските на Трамп со Русија за време на претседателската кампања во 2016 година, но тогаш не покренале истрага бидејќи се разгледувало како да се пристапи кон „толку чувствителна и важна истрага“.

Истрагата почнала откако Трамп го разреши Коми. Во написот на Њујорк тајмс не се нагласува дали таа истрага се уште трае. Специјалниот обвинител Ромерт Малер и понатаму работи на истрага за можно руско мешање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина