ФБИ истражува обид за дискредитација на специјалниот обвинител Мјулер

Од:

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) започна истрага во врска со добиени сознанија за обид за дискредитација на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, кој раководи со истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година.

Како што информира портпаролот на Малер, Питер Кар истрагата се води околу сознанијата дека на жени им биле нудени пари со цел да го обвинат Мјулер за сексуални напади.

– Кога минатата недела дознавме дека им биле нудени пари на жени за да изнесуваат лажни обвинувања против специјалниот обвинител, веднаш побаравме од ФБИ да спроведе истрага, изјави Кар.

Мјулер раководи со истрагата во врска со наводите за руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, што според сомнежите, му овозможило победа на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Трамп досега во неколку наврати го критикуваше Мјулер и ги отфрлаше неводите од неговата истрага за повзраност меѓу луѓе од неговиот изборен штаб и Русија.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД