ФБИ фокусирани се повеќе на борба со насилни екстремисти родени во САД

Од:

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ), кое со години акцент ставаше на борба против тероризмот во странство, се фокусира се повеќе на насилни екстремисти родени во САД.

Апсењата поврзани со внатрешните закани за оваа фискална година, се 66. За истиот период биле извршени 63 апсења на осомничени странски терористи, според висок претставник на одделот за борба против тероризмот на ФБИ.

-Случаите на тероризам се приоритет број еден на Бирото, истакна тој.

Екстремисти поврзани со меѓународен тероризам, можат да бидат обвинети според федералните закони донесени по нападите во Вашингтон и Њујорк на 11 септември 2001 година, но не постојат слични закони за внатрешниот тероризам.

Според цитираниот претставник на ФБИ случаите на внатрешен тероризам се поврзани со расно мотивиран екстремизам, антивладини напади, напади поврзани со правата на животните и со правото на абортус.

Интернет останува главен извор на радикализација поради лесна достапност до радикални пораки во кибер-просторот, и поради тоа родените во САД екстремисти можат да се радикализираат само за неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија