ФБИ доби дојава: Можна одмазда за обидот за атентат врз Трамп

Од:

Американските власти се загрижени за можните напади како одмазда за обидот за атентат врз Доналд Трамп, објавија во понеделникот ФБИ и Министерството за домашна безбедност во редок заеднички разузнавачки билтен, пренесува Politico.

Насилните екстремисти или други „може да се обидат да направат понатамошни или одмазднички акти на насилство“ како одговор на обидот за атентат врз Трамп на митинг викендот во Пенсилванија, соопштија агенциите во брифинг белешката до која дојде Политико.

Не беа именувани конкретни цели, но билтенот на четири страници истакна дека екстремистите во минатото извршувале или планирале напади против „перцепирани политички или идеолошки противници“, велат DHS и ФБИ.

„ФБИ и ДХС остануваат загрижени за потенцијалот за дополнителни или одмазднички акти на насилство по овој напад, особено имајќи предвид дека поединци во некои онлајн заедници се заканувале, охрабрувале или повикувале на акти на насилство како одговор на обидот за атентат“, пишува во билтенот.

Би можело да ве интересира

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

А1он

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп