Фаучи: Со вакцината ќе ја уништиме епидемијата која не тероризира 11 месеци

Од:

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фауџи изјави дека пандемијата на коронавирусот ќе биде запрена благодарение на науката и вакцината.

-Во текот на изминатите неколку дена науката ни даде вакцина која, кога ќе се дистрибуира до луѓето низ целата земја, и се надевам и низ целиот свет, ќе ја уништи оваа епидемија што навистина не тероризираше во последните 11 месеци, не само овде во САД, туку и низ целиот свет, рече Фаучи.

За време на виртуелна конференција, што вчера ја организираше Универзитетот Дјук, во Северна Каролина, Фаучи рече дека биомедицинските истражувања и науката ни дадоа нешто што пред само една деценија ќе изгледаше незамисливо, во ситуација кога имаме нов вирус, што никогаш порано го немавме и најголемата пандемија во последните 100 години.

Фаучи, исто така, истакна дека е разнишана светската економија и дека луѓето страдаат поради тоа, не само поради болеста, туку и поради сите секундарни последици од глобалната пандемија.

Американската Управа за храна и лекови издаде итна дозвола за користење на вакцината изработена од компанијата „Модерена“, откако пред неколку дена ја одобри и вакцината на компаниите „Фајзер„ и „БиоНТек“

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Фаучи ги повика Американците да се вакцинираат против ковид-19

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер