Фаучи очекува во САД да се создаде колективен имунитет наесен, кога 70 до 80 отсто од луѓето ќе бидат вакцинирани

Од:

Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, изјави дека има список на приоритети за вакцинација, но истакна дека верува оти „приоритетите“ ќе бидат постигнати до април и дека сите ќе можат да се вакцинираат.

Во изјава за НПР тој додаде дека колективен имунитет може да се постигне до рано наесен, кога околу 70 отсто до 80 отсто од населението ќе биде вакцинирано.

Фаучи изјави дека луѓето се уште треба да останат внимателни во однос на посетите, дури и по вакцинирањето, бидејќи и тоа не обезбедува стопроцентна заштита.

– ЦДЦ постојано ги проценува овие работи. Во моментов … препораките за ова не се променија. Ние навистина сакаме да нагласиме дека првото нешто што сакаме да го направиме е да се осигураме дека сите постојано носат маска, изјави Фаучи.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката