Фаучи: Ќе дадам оставка до крајот на мандатот на Бајден

Од:

Ентони Фаучи, главниот советник за здравство на претседателот на САД, изјави во интервју за Политико дека планира да даде оставка до крајот на актуелниот мандат на Џо Бајден.

Во интервјуто објавено денеска, Фаучи изрази надеж дека политизацијата на Ковид-19 е дел од минатото.

Во 2020 и 2021 година тој беше постојано критикуван од некои републиканци, меѓу кои имаше отпор кон спроведувањето на ограничувањата околу пандемијата и вакцинацијата, а дадени по препораки на федералните здравствени официјални лица во Вашингтон.

Фаучи е на возраст од 81 година. Во федерална служба е повеќе од 50 години, и има работено за седум претседатели.

Тој е директор на Националниот институт за алергии и инфективни заболувања (НИАИД) од 1984 година, а стана познат во земјата и во светот како еден од првите луѓе во САД, кои ја координираа борбата против Ковид-19.

За време на претседателството на Доналд Трамп, тој стана раководител во Белата куќа на координативната група за борба со коронавирусот.

Во интервјуто за Политико, Фаучи истакна дека неговата главна историска заслуга е борбата со СИДА-та. Истражувањата на овој вирус стана негово животно дело, и имено благодарејќи на своите заслуги и работа во оваа област, Фаучи стана раководител на НИАИД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев