Фараж: Трамп верува во Брегзит и мисли дека тоа е вистински избор

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп верува во Брегзит, но загрижен е поради тоа колку долго трае, изјави политичарот и заговорник за излез на Британија од ЕУ Најџел Фараж.

– Трамп апсолутно верува во Брегзит, мисли дека тоа е вистински избор за земјата и загрижен е поради тоа колку долго трае, рече Фараж во својата ЛБЦ радио програма.

Партијата за Брегзит на Најџел Фараж победи на изборите за Европски парламент во Британија, додека најголемите партии – опозициските лабуристи и владејачките конзервативци претрпеа големи загуби.

Фараж после изборите побара да учествува во преговорите за Брегзит и предупреди дека „ќе ја сврти“ британската политика, ако неговото барање не биде прифатено.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

„Економист“: Зеленски не планира да потпише економски договор со САД

Маск открива: САД ќе банкротираат

Америка ја поддржува пресудата против Додик

Горан Наумовски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски