Фалон: Велика Британија не ја прифаќа идејата за заедничка армија на ЕУ

Од:

Велика Британија ќе се спротивстави на плановите на Европската Унија за воена соработка, и покрај тоа што одлучи да го напушти блокот, изјави денеска британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон.

– Ние ќе продолжиме да се спротивставуваме на секоја идеја за заедничка армија на ЕУ или пак, формирање заеднички генералштаб, со што само би ја ослабнале дејноста на НАТО, рече Фалон за време на средбата на министрите за одбрана во Братислава.

Прашан – дали Лондон ќе стави вето на таквите планови, додека се уште е дел од Европската Унија, британскиот министер одговори: „Тука нема мнозинство за армија на ЕУ“.

– Има редица други држави, коишто мислат како нас, дека тоа ќе го ограничи суверенитетот на одделните национални држави, дополни Фалон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он