„Фајненшл тајмс“: Лондон и Париз нема да испратат војници во Украина без поддршка од Трамп

Од:

Лидерите на Велика Британија и Франција, Кир Стармер и Емануел Макрон, имаат намера да добијат поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за нивната идеја за испраќање војници во Украина по завршувањето на конфликтот, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори.

– Без САД, ништо од ова нема да се спроведе…Ставот на Доналд Трамп сè уште не е јасен ги цитира весникот претставниците на ЕУ, осврнувајќи се на плановите на Лондон и Париз да ги испратат своите воени сили во Украина како безбедносна гаранција по политичкото решение на конфликтот.

Весникот не прецизира дали Стармер и Макрон сакаат да добијат од Трамп само политичка поддршка за распоредување на европски војници во Украина или ветување дека и САД ќе испратат свои војници.

Претходно беше објавено дека некои лидери на Г7 се надеваат дека ќе разговараат со Трамп за време на форумот во Давос за да ја обезбедат неговата поддршка за декларацијата на таканаречената „коалиција на доброволците“ за нејзината намера да распореди мултинационални сили на територијата на Украина по прекинот на непријателствата, пренесува „Спутник“. Светскиот економски форум во Давос ќе се одржи од 19 до 23 јануари.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје