Фајез ал Сараџ: Во Либија ќе биде формирана нова влада

Од:

Во Либија ќе биде формирана нова влада, изјави за време на посетата на Париз премиерот на либиската Влада на национално единство, Фајез ал Сараџ.

Тој нагласи дека наскоро во Либија ќе бидат формирани и обединети вооружени сили, кои ќе ги вклучуваат силите под контрола на генералот Халифа Хафтар, кој сега ги контролира клучните нафтени наоѓалишта во земјата.

– Немаме друг избор освен дијалог и примирје. Ние треба да ги обединиме напорите во борбата против тероризмот. Ние повеќе пати досега повикуваме да се стори се што е неопходно за да се избегне граѓанска војна, Ал Сараџ.

Тој изјави дека наскоро ќе му достави на Парламентот во Тобрук, кој блокира какво и да е политичко решение во Либија, листа со составот на новата влада, во која ќе има избалансирано претставување на сите сили во земјата.

Премиерот изјави дека разговарал со генералот Хафтар и за прашањето за заеднички вооружени сили на Либија, како и за заеднички сили за безбедност.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција нема да штеди сили за да ја поддржи владата на Либија, особено во борбата против тероризмот.

Оланд додаде дека Либија нема да ја преживее судбината на Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски