Заменик-командантот на Иранската револуционерна гарда Али Фадави денеска изјави дека ќе има уште еден „бран напади“ доколку Израел не престане со злосторствата во Газа.
– Потресите на фронтот на отпорот против ционистичкиот режим ќе продолжат се додека овој „канцероген тумор“ не биде искорен од светската мапа. На пат е уште еден бран напади, доколку Израел не ги запре злосторствата во Газа – рече Фадави, пренесе Ројтерс.