Фабиус: Сирискиот конфликт може да прерасне во поширока верска војна

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус денеска изјави дека воздушните напади во Сирија мора да бидат насочени против екстремистите на Исламска држава (ИД), но и против други групи кои се „сметаат за терористички“, укажувајќи на опасност дека сирискиот судир може да се претвори во широка верска војна.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд дека руските воздушни напади „мора да бидат насочени против ИД и само против ИД“, Фабиус објасни дека тоа не ги исклучува другите групи како што е Фронтот Ал Нусра.

– Кога гледате конфликт кој прво бил граѓанска војна, дека станува регионална војна која ги вклучува меѓународните сили, Русија, Иран, САД, тогаш ризиците се сериозни. Најстрашен ризик е судирот да се претвори во верски, истакна Фабиус.

Според него, доколку постои шиитска популација на една страна со своите сојузници и сунитска популација на друга страна со своите сојузници, тогаш може да биде многу опасно.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски