Фабиус: Киднапирањето Французин во Алжир нема да го премени ставот на Париз кон исламистите

Од:

Киднапирањето на француски државјанин од страна на исламисти во Алжир нема да ја одврати Франција од учество во меѓународната коалиција против радикалната група Исламска држава, изјави синоќа францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.

– Правиме се што е во наша моќ за ослободување на заложниците, изјави Фабијус на новинарско прашање во Њујорк, каде се наоѓа за претстојната седница на Генералното собрание на ОН.

Фабиус истакна дека една терористичка група нема да ги промени позициите на Франција.

Во неделата во Алжир исламистичка група блиска до Исламска држава го киднапира Французинот Ерве Гурдел. Групата вчера се закани дека ќе го убие Французинот ако Париз не запре со воздушните напади на позиции на ИД во Ирак.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано