Европските разузнавачки служби ќе ја зголемат размената на информации во борбата против екстремистите

Од:

Европските разузнавачки служби планираат да ја зајакнат својата борба против исламистичките борци, создавајќи виртуелна мрежа за споделување информации меѓу 30 држави.

Групата за борба против тероризмот – неформална мрежа на службите за внатрешно разузнавање на 28-те земји членки на ЕУ, Норвешка и Швајцарија, има за цел до 1 јули да создаде нова платформа.

Нападите во Европа кои беа извршени минатата година поттикнаа соработка меѓу разузнавањата на одделни држави.

Директорот на германската служба за внатрешно разузнавање Ханс-Георг Маасен изјави денеска  дека „терористичките напади во Европа, како и неодамнешните во Франција, покажуваат дека ИД и Ал Каеда дејствуваат во меѓународни мрежи“.

Директорот на холандската Генерална служба за информација и безбедност Роб Бертоле истакна дека платформата ќе ги опфати „странските борци и заканата, која ја претставуваат тие и нивните соучесници“.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот