Литванската претседателка Далија Грибаускаите го критикуваше украинскиот договор за прекин на огнот како „само делумно решение“ и го определи за слаб, бидејќи не вклучува клаузи за гранична контрола, јави ДПА.
Според неа, требало да биде договорена и контролата на границите.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предупреди да се внимава, затоа што „вистинскиот тест ќе биде почитување на прекинот на огнот на терен“.
– Веќе не е неопходно ЕУ да говори за санкции, туку да даде шанса на мирот во Украина, рече при пристигнувањето на средбата на врвот финскиот премиер Александар Стуб.
Полскиот претседател Бронислав Коморовски смета дека за прекин на стабилен мир во Источна Украина треба да помине многу време.