Европските дипломати не се задоволни од стилот на Каја Калас

Од:

Според престижниот магазин „Форин полиси“, неколку европски дипломати изразиле незадоволство од стилот на комуникација на новата шефица на европската дипломатија, Каја Калас, оценувајќи дека таа е премногу отворена и недоволно дипломатска во своите говори.

Според публикацијата, некои функционери веруваат дека Калас се однесува „повеќе како полицаец отколку како дипломат“ во своите говори и јавни настапи и дека нејзината работа е речиси исклучиво фокусирана на цврста политика кон Русија.

Анонимни извори од европските институции истакнуваат дека таков пристап веќе предизвикал тензии со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и непријатност во односите со влијателни земји како Индија и Кина.

„Форин полиси“ наведува дека во Брисел се очекува Калас да усвои „порезервиран и дипломатски тон“ во наредните месеци, со цел да се избегне понатамошно затегнување на односите со клучните партнери надвор од Европа.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Калас: Москва не е непобедлива – нејзината војска трпи рекордни жртви

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Унгарија тврди дека Брисел и Киев формираат воена коалиција