Калас: Дипломатијата е единствениот начин да се одржи отворен Ормутскиот теснец

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека мора да се најдат дипломатски начини за да се задржи отворен Ормутскиот теснец.

– Никој не е подготвен да ги доведе своите луѓе во опасност во Ормутскиот теснец. Мора да најдеме дипломатски начини да го задржиме отворен, за да немаме криза со храна, криза со ѓубрива, но и енергетска криза, рече Калас во интервју за Ројтерс.

Таа истакна дека ЕУ е сојузник на САД, но дека во последно време навистина не ги разбира своите потези.

Според неа, ЕУ сега е помирна бидејќи очекува постојано да се случуваат непредвидливи работи.

„Ги прифаќаме какви што се, ги „смируваме главите“ и остануваме смирени и фокусирани“, додаде таа.

Калас нагласи дека во Европската Унија нема расположение за склучување енергетски договори со Русија и покрај наглиот пораст на цените, дури и зад затворени врати.

„Бев зад тие затворени врати и не гледам таква подготвеност. А кога разговараме со Русија, најважно е прво да се договориме за што сакаме да разговараме“, рече таа.

Калас изјави дека ако ЕУ се врати на вообичаениот тек на работа, ќе има повеќе војни.

„Веќе го видовме тоа. Затоа мора да бидеме многу внимателни и не смееме да ѝ го дадеме на Русија она што го сака, бидејќи нејзиниот апетит само ќе расте“, рече Калас.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран