Судот на Европската унија ја објави денеска својата одлука, со која се оправдува забраната воведена од страна на одредени приватни комапании за носење на исламски шамии, кои ја покриваат главата на работното место.
Според Европскиот суд за правда, внатрешно правило во компаниите, со кое се забранува носење на видлив начин на каков било политички, филозофски или религиозен симбол, не претставува директна дискриминација.
Судот одлучи дека волјата на работодавците да се прикажат како неутрални пред клиентите, како од јавниот, така и од приватниот сектор е легитимна цел, особено кога се засегнати само работниците кои имаат контакти со клиенти.
За судот на ЕУ тој стремеж е израз на слободата на стопанската иницијатива.
Претходно, во Европскиот суд на правдата беше поднесена тужба за два случаи на жени, вработени во Белгија и Франција, кои биле отпуштени бидејќи одбиле да ги симнат шамиите.
Ова се први вакви случаи пред Европскиот суд на правдата.