Европскиот совет ќе усвои заклучоци за Британија, миграцијата, енергетската транзиција, дезинформациите

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ утре ќе усвојат заклучоци поврзани со повлекувањето на Велика Британија од Унијата.

Европските лидери ќе ја сослушаат и британската премиерка Тереза Меј.

– Времето истекува, па затоа ќе разговараме за подготовките за дејствување во случај да нема договор, стои во писмо на Туск упатено до учеснициte на состанокот. Според него, ситуацијата во Велика Британија е „сериозна“.

Туск информира дека утре ќе се дискутира за буџетот на ЕУ, како и за прашања поврзани со надворешните односи, вклучувајќи ги настаните во Азовското Море, спроведувањето на договорите од Минск, претстојниот состанок ЕУ-Арапска лига.

Во петок, Европскиот совет ќе донесе заклучоци за зачувување на природата, миграцијата, дезинформациите, борбаta против расизмот и ксенофобијата.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали