Европскиот парламент оцени дека Брисел и Лондон постигнале доволен напредок во преговорите

Од:

Европската комисија и Лондон постигнале доволен напредок во досегашните преговори за излез на Велика Британија од Европската унија, оцени Европскиот парламент, кој со големо мнозинство ја усвои Резолуцијата.

Резолуцијата беше усвоена со 556 гласвои „за“, 62 „против“ и 68 „воздржани“. Со тоа ЕП препорача да се започне втората фаза од преговорите, вклучувајќи го и прашањето за идните односи на ЕУ и Велика Британија.

Тие сепак забележуваат на изјавите на некои британски политичари, кои го ставаат под сомнеж значењето на постигнатите договори и дека тоа може да ги поткопа идните преговори. Европскиот парламент бара и британската Влада целосно да ги почитува постигнатите договори.

Во Резолуцијата, европратениците наведуваат пет прашања без чие решавање нема да го поддржат конечниот договор за Брегизт.

Тие се однесуваат на правата на европските граѓани во Велика Британија, идното партнерство, воведувањето на едноставна административна процедура за добивање на дозвола за престој, можност Судот и народниот правобранител на ЕУ да се произнесуваат за граѓанските права и почитување на ветувањата во врска со границата со Ирска.

Идниот однос на ЕУ би можел да биде утврден со договор за асоцијација, оценува Европскиот парламент. И конечниот договор со Лондон ќе треба да биде одобрен од страна на европратениците.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ