Европскиот парламент го ограничи биогоривото со аграрно потекло на седум отсто

Од:

Европскиот парламент го ограничи користењето на биогоровото со аграрно потекло на 7 отсто од 2020 година, јавува дописникот на МИА д Стразбур.

Стапката на користење на биогоривата од така наречената „прва генерација“ е дел од европските намери да 10 отсто од горивата наменети за транспортот бидат од обновлива енергија.

Тоа беше утврдено во 2009 година, со цел да се се замени фосилната енергија со аграрно прозводство со цел да се намалат емисиите на штетни гасови и да се ограничи енергетската зависност на Европската Унија кон нејзините надворешни снабдувачи.

Од донесувањето на таа директива, таа беше често критикувана поради притисокот врз цената на аграрните и прехранбените производи, бидејќи тоа водеше кон промена на намената на обработливото земјиште за производство на био-горива.

Влијанието врз прироната средина на индустријализираните култури на пченка или маслодајна репка е контраверзно.

Европската комисија предложи да се сведе делот на био-горивото на 5 отсто и да се охрабри производството на биогорива од втората генерација, која потекнува од биомаса од отпадоци, дрвната и шумска индустрија и алги, наместо како досега од култивирани земјени површини.

При првото гласање на законскиот текст, европратениците во 2013 година, чувствителни на незадоволството на аграрните организации го зголемија прагот на биогоривото на 6 отсто, тие притоа го утврдија минималното учество на биогоривото од втората генерација на 2,5 отсто.

„Ние имавме повисоки цели. Како за намалувањето на емисиите на гас, така и во однос на технолошкиот напредок. Ако Европа не оди напред, таа ќе заостанува“ – изрази жалење известувачот Нилс Торвалдс, европратеник од Финска од редовите на либералите и демократите.

Аналитачите се на мислење дека тој компромис од 7 отсто, нема да дозволи да се исполни зацртаниот праг од 10 отсто во 2020 година.
Според Еуростат, во 2012 година 5,1 отсто од горивото наменето за транспортот е со потекло од обновливите видови на енергија.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Тетовец крадел гориво од автомобили

Енергетската криза предизвикана од војната во Украина го обнови интересот за нуклеарната енергија

А1он

Горивата во Црна Гора најевтини во регионот

А1он

Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

А1он

Драстично зголемување на цената на горивата во Германија

А1он