Европскиот Парламент бара крај на насилството против Рохинџите

Од:

Со 546 гласа за, 12 против и 94 воздржани, европските пратеници се изјаснија за резолуција со која остро се осудува насилството и прогонот на Рохинџите, муслиманското малцинство во Бурма.

Пратениците ја повикаа владата на Анг Сан Су Чи, некогашна хероина на отпорот против режимот на Мјанмар и добитничка на Нобеловата награда за мир, а сега премиерка на државата, веднаш да им стави крај на масакрите и силувањата на кои се жртва Рохинџите.

Европарламентот во својата резолуција бара веднаш да им се даде целосен пристап на меѓународните набљудувачи за да можат да се спроведат транспарентни истраги за нарушувањето на човековите права во Бурма.

-Властите во Бурма мораат да ги признаат Рохингите како целосни државјани, вклучително и уставни права кои произлегуваат од тоа.

Рохинџите се мета на прогон и насилство со години од страна на властите во Бурма. За Обединетите Нации станува збор за геноцид и воени злосторства.

Европскиот Парламент под итно бара од властите да им обезбедат право на раселените Муслимани Бурма да се вратат во својата земја.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска