Европски суд: САД не гарантираат заштита на личните податоци на Европејците

Од:

Европскиот суд денеска потврди дека одлуката на Европската комисија од 2000 година, според која САД гарантираат доволна заштита на личните податоци на граѓани од ЕУ, е невалидна.

Во заклучокот се наведува дека државите од ЕУ имаат право да го откажат префрлањето на лични податоци кон САД или други земји надвор од Унијата, кои недоволно го гарантираат степенот на лични податоци на Европејците. Судот соопшти дека САД масовно ги собираат и без јасна цел сите податоци за електронската комуникација од сервери на нивна територија.

– Извршеното набљудување од американските разузнавачки служби е масовно и без конкретна цел. Пристапот до личните податоци, со кои располагаат америакнските разузнавачки служби, ги вклучува сите луѓе и сите средства за електронска комуникација, како и сите префрлени податоци, без да се направи некакво разграничување, ограничување или исклучок, зависно од истрагата од заеднички интерес. нема независен орган кој ќе изврши проверка во САД за прекршување на принципите на заштита на личните податоци од страна на јавни институции, како на пример американските служби за безбедност, во однос на европските граѓани, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол