Група европски научници развија „виртуелен црн дроб“, со цел да им се овозможи на хирурзите да планираат и реализираат операција на црн дроб, со точно укажување на големината и местото на кое се наоѓа туморот, објави Европската комисија.
Овој напредок во лекувањето на туморите на црниот дроб го направија научници од Германија, Велика Британија, Швајцарија и Франција во рамки на проектот ПАССПОРТ (Patient-Specific Simulation and Pre-Operative Realistic Training), финансисран од ЕУ.
Виртуелниот црн дроб, различен за секој пациент, се формира од фотографија која ја испраќаат радиолозите „он лајн“ до ПАССПОРТ службата.
Врз основа на историјата на болеста на пациентот, научниците можат да конструираат графикони и потоа да даваат прогнози за натамошниот тек на болеста.