Европски весници: На Трамп му успеа да ги сврти Вучиќ и Хоти против блискоисточната политика на ЕУ

Од:

Поврзувајќи ги Косово и Блискиот исток, два конфликти кои сами по себе се доволно комплицирани, американскиот претседател Доналд Трамп ги злоупотреби српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти за свои цели и ги сврте против заедничката блискоисточна политика на Европската унија, оценуваат денеска европски дневни весници.

Швајцарецот Тагесанцајгер, во коментарот под наслов „Србија и Косово ги селат амбасадите – Победникот на балканскиот самит на Трамп се вика Израел“, потсетува дека огромното мнозинство земји имаат свои дипломатски мисии во Тел Авив, бидејќи не сакаат да го признаат Ерусалим за главен град на Израел се додека не се реши спорот со Палестинците, кои го гледаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, пренесува Бета.

Потсетувајќи дека САД за време на администрација на Трамп во 2018 година ја преместиле амбасадата во Ерусалим, весникот пишува дека нивниот пример „досега го следеше само Гватемала, а Србија и Косово стануваат број три и четири“.

Тагесанцајгер наведува дека српскиот претседател Вучиќ бил целосно изненаден кога Трамп го објавил делот од договорот што се однесува на преместувањето на српската амбасада во Ерусалим, и дека, како што покажуваат снимките од Белата куќа, тој иритирано ги пшрелистувал документите.

„Вучиќ знае дека тоа се противи на позициите на ЕУ. Но, тој е познат и по својата политика на клатно, кое час се приближува кон Брисел, час кон Вашингтон, Москва или Пекинг”, пишува швајцарскиот весник.

Весникот пишува дека „сепак останува отворена една споредна врата“. „Србија прво треба да отвори трговска мисија во Ерусалим. Амбасадата треба да следи дури во средината на следната година. Дотогаш, Трамп може да ја напушти функцијата, а Вучиќ, повикувајќи се на отпорот од ЕУ, да се повлече”, пишува весникот.

Што се однесува до Косово, весникот потсетува дека со години се обидува да добие признавање од Израел, што израелските власти го одбиваат, повикувајќи се на добрите односи со Србија.

„Сепак, Израел веројатно, исто така, се плашеше дека со признавањето на Косово, ќе создаде преседан на кој други држави може да се повикаат при признавање на Палестина“, оценува Тагесанцајгер.

Германскиот дневен весник „Зидојче цајтунг“ пишува дека Доналд Трамп, вклучително и со економскиот договор меѓу Белград и Косово и од аспект на Блискиот исток, и направи услуга на израелската влада и се врати во центарот на предизборната кампања.

„Но, тој сигурно не им направи услуга на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, туркајќи ги во минско поле“, пишува весникот.

„Не само тоа, тој искористи двајца балкански политичари, кои сакаат да ги внесат своите земји во Европската унија, за свои потреби и ги натера да ја поткопаат политиката на ЕУ на Блискиот исток. Политиката на „зделки “на Трамп уште еднаш се покажа како произволна и разединувачка. механизмите кои можеби функционираат во деловниот свет, можат да бидат опасни во политиката“, наведува минхенскиот дневен весник.

Виенскиот „Курир“, исто така, пишува дека во договорот меѓу Србија и Косово, „за кој експертите велат дека е доста нејасен, има прецизна одредба што всушност има многу малку врска со Косово“.

Австрискиот дневен посочува дека претседателот на Србија, во времето кога Трамп зборуваше за односите со Израел, „беше видно збунет и вознемирено го разгледуваше договорот, што е детално документирано во телевизиските извештаи“.

„Точката од договорот што се однесува на Израел беше прилично изненадување за Србија, која сака да се приклучи на ЕУ што е можно поскоро. А таму, ниту една земја сериозно не размислува да одговори на поканата на САД и Израел за преселување на амбасадата во Ерусалим. Тоа е премногу чувствително. Конечно, статусот на Ерусалим е една од главните теми на расправии во блискоисточниот конфликт“, заклучува Курир.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он