Европската Унија планира да им забрани влез на Американците ова лето

Од:

Европската Унија се подготвува да им забрани на американските патници да влезат на европско тло кога на 1 јули повторно ќе се отворат  границите кон надворешниот свет.

Можната одлука се очекува да биде донесена поради тоа што  САД „не успеала“ да го запре ширењето на коронавирусот, пренесе Њујорк тајмс.

Aмериканскиот медиум соопшти дека сè додека САД не го стави ширењето и смртноста на вирусот под контрола, милиони американски туристи кои сакаат да го посетат стариот континент нема да можат да патуваат во ЕУ ова лето.

На патниците ширум светот им беше забрането патувањето во ЕУ од средината на март, но европските земји започнаа да ги укинуваат ограничувањата кон другите сојузни држави во рамките на соседството во текот на изминатите неколку недели.

Конечната одлука се очекува да биде соопштена на почетокот на следната недела, пред ЕУ повторно да ги отвори границите на 1 јули.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он