Европската унија блокираше огромна сума пари на руската централна банка

Од:

Поради руската инвазија на Украина, Европската унија ги блокираше средствата и резервите на руската централна банка во вредност од над 200 милијарди евра.

Бројката се базира на извештаите на земјите-членки на ЕУ доставени до Европската комисија, изјави денеска во Брисел портпаролот на ЕК. ЕУ ги замрзна средствата на руската централна банка како дел од санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Забранети се сите трансакции поврзани со управувањето со резервите и средствата на руската централна банка, која поради тоа повеќе нема пристап до нејзините средства во централните банки и приватните институции во Европската унија, потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа реакциите на клучните играчи од ЕУ по пресвртот на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски

Филипче во Брисел побарал европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Европската унија е формирана за да им направи штета на САД

Катерина Ѓуровски