Европската комисија изврши инспекција во неколку компании за гас во Германија

Од:

Европската комисија денеска ги потврди ненајавените инспекции во неколку компании за гас во Германија, како дел од истрагата за можни прекршувања на прописите за еднаква конкуренција на европските енергетски пазари.

Комисијата се сомнева дека компаниите за снабдување, дистрибуција и складирање гас ги прекршиле правилата на ЕУ кои „забрануваат злоупотреба на доминантна позиција“ на пазарот, се вели во соопштението.

Инспекциите беа извршени во понеделникот, во присуство на инспектор од германскиот регулатор за конкуренција, соопшти Брисел, без да даде резултати или имиња на компании.

Ненајавените инспекции се само прелиминарен чекор во истрагата и сами по себе не имплицираат дека компаниите ги прекршиле прописите или го прејудицираат исходот од истрагата, се вели во соопштението и се истакнува дека нема законски рок за нејзино завршување.

Комисијата веќе неколку месеци истражува можни шпекулации на европскиот енергетски пазар. На почетокот на март изрази сомнеж дека „операторите, особено Гаспром, може да ја нарушуваат рамноправната пазарна конкуренција“.

Повод за истрагата за поскапувањето на енергенсите поради ограничувањата во снабдувањето и геополитичките тензии, но и обвинувањата за манипулации на европскиот пазар на гас, јави агенцијата ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници