Европската агенција за лекови го препорача „ремдесивир“ за третман на Ковид-19

Од:
Европската агенција за лекови (ЕМА) условно го одобри користењето на антивирусниот лек „ремдесивир“ за пациенти заразени со коронавирусот, што е првиот лек што добил препорака од европскиот фармацевтски авторитет.
Европскиот регулатор денеска објави дека нејзиниот одбор препорачува употреба на лекот „ремдесивир“ кај возрасни лица и деца постари од 12 години, дијагностицирани со пневмонија за чие лекување е потребен внес на кислород.
Цената на лекот во Европа сè уште не е позната. Во САД „ремдесивир“, кој го произведува калифорниската фармацевтска компанија „Гилеад“  би можела да изнесува од 4.500 до 5000 долари за третман, беше објавено овој месец.
Условното зелено светло на ЕМА значи дека лекарите можат да препишат „ремдесивир“, кој во Европа ќе се вика „веклури“ кога ќе биде одобрен од Европската комисија. Условното одобрение за продажба во Европската унија дозволува лекот да се продава кога ќе бидат достапни сите податоци за неговото дејство и несаканите ефекти.
Студијата спроведена од ЕМА покажа дека пациентите со Ковид-19 кои примале „ремдесивир“ се опоравуваат во просек четири дена побрзо од другите пациенти.

Првично развиен како лек против хеморагична треска од ебола, „ремдесивир“ од лабораторијата на американскиот производител „Гилеад“ е првата терапија која покажа одредена ефикасност кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19.

„Гилеад“ очекува да произведе повеќе од два милиона дози до крајот на годината, двојно повеќе од првичната цел. Исто така, планира да започне поедноставни форми за примена, како инхалатор во споредба со интравенската варијанта.

„Ремдесивир“ веќе е одобрен за итна употреба кај неколку тешко болни пациенти во САД, Индија и Јужна Кореја, а одобрение дадоа и јапонските власти.

Би можело да ве интересира

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска