Европол: Пресретнат бразилски брод со повеќе од 4,6 тони кокаин во вредност од над 150 милиони евра

Од:

Бразилски брод со повеќе од 4,6 тони кокаин вреден повеќе од 150 милиони евра бил пресретнат минатата недела од француската морнарица во близина на Сиера Леоне, соопшти денеска Европол.

Бродот, што тргнал кон Европа, бил пресретнат на 30 ноември во заедничка операција на Франција, Бразил, Велика Британија и САД, соопшти Европол.

– Во тек е истрага за да се утврди кои криминални страни стојат зад овој случај од двете страни на океанот, се додава во соопштението.

Агенции на Европската Унија во мај предупредија дека Европа се повеќе станува центар за производство и испорака на кокаин во други региони во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он