Европол: Околу 5.000 џихадисти се вратени во Европа и претставуваат голема опасност

Од:

Меѓу 3.000 и 5.000 таканаречени „странски борци“, односно државјани на земји од ЕУ, кои се обучувале во кампови на џихадистичката група Исламска држава, се вратиле во Европа, каде претставуваат „целосно нов предизвик“, предупреди денеска шефот на Европол, Роб Вејнрајт. 

– Европа сега е соочена со најголема терористичка закана во последните повеќе од 10 години. Можеме да очекуваме дека ИД или некоја друга верска терористичка група да изврши напад некаде во Европа, со цел да загинат голем број цивили, истакна Вејнрајт.

Тој, меѓутоа, одби да го поврзе досега незабележаниот раст на терористички закани со актуелната бегалска криза.

Шефот на Европол ги отфрли претпоставките дека терористи се инфилтрираат во Европа, претставувајќи се како азиланти.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска