Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Од:

Четиринаесет лица, главно руски државјани, се уапсени во Шпанија и Португалија под сомнение дека се членови на криминална организација која обезбедувала услуги за перење пари на други криминални мрежи со седиште во Европската унија, соопшти денеска Европол, кој ја поддржуваше прекуграничната операција.

Според извештаите, за време на полициските операции и претреси на куќи во Мадрид, Малага, Марбела, Торемолинос, Коин и Ајамонте во Шпанија, како и Лисабон во Португалија, запленети се повеќе од еден милион евра во готовина и криптовалути.

„Истражниците веруваат дека бандата вршела дневни трансакции во готовина, кои на моменти достигнувале и до 300.000 евра дневно“, се вели во соопштението на Европол.

Би можело да ве интересира

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

А1он

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ