Европејците до 2025 година ќе мора да рециклираат половина од отпадот

Од:

Европските домаќинства и стопанството ќе мора да рециклираат најмалку 55 отсто од својот комуналент отпад до 2025 година, предвидуваат поострите прописи усвоени од Европскиот парламент.

По 2025 година, целта за рециклирање ќе се зголемува за еден отсто годишно за до 2035 година да достигне 65 проценти.

Прописите се во рамки на директивата за унапредување на „зелените акредитиви“ на европската економија.

По гласањето во Европарламентот последниот збор за прифаќање на оваа одлука ќе ја има Советот на ЕУ.

Во 2014 година во ЕУ се регистрирани 2,5 милијарди тони отпад. Од тоа, една третина се од секторот градежништво, а само осум отсто од домаќинства.

Според податоците, Малта рециклира само осум отсто од отпадот, а Германија 66 проценти.

Пакетот прописи вклучува одредби за амбалажа и амбалажен отпад, депонии и фрлени возила, батерии и електричен и електронски отпад.

Предвидено е до 2035 година на депониите да завршува само 10 отсто од отпадот.

Би можело да ве интересира

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите