Европарламентот в среда ќе расправа за состојбата во Каталонија

Од:

На дневниот ред на заседанието на Европскиот парламент дополнително е вклучена и точка за расправа за состојбата во Каталонија, по вчерашниот референдум за независоност на овој шпански автономен регион.

Како што соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани, на денешниот старт на овонеделното парламентарно заседание, пратениците решија оваа точка да биде вклучена во дневниот ред на сесијата и по неа ќе се расправа в среда попладне.

Претходно денеска, Европската комисија ја повтори својата позиција дека референдумот за независност на Каталонија не е во согласност со Уставот на Шпанија.

– Референдумот не е легитимен според шпанскиот устав, рече портпаролот на Комисијата, Маргаритис Схинас, додавајќи дека каталонското прашање е „внатрешна работа на Шпанија“.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск од својата страна повика да се изнајде начин да се избегне натамошна ескалација и употреба на сила во Каталонија.

Речиси 900 лица беа повредени вчера во судирите до кои дојде при обидите на шпанската национална полиција да ги затвори гласачките места за референдумот за независност на Каталонија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска