Европарламентот повторно во функција по вчерашниот напад во Стразбур

Од:

Европскиот Парламент утрово продолжи нормално со работа по вчерашниот напад во центарот на градот.

– По вчерашниот тажен настан, ве информирам дека враќањето во Европскиот Парламент е безбедно и дека нормалните активности продолжуваат, напиша на Твитер портпаролот на ЕП, Хауме Дух.

Европскиот Парламент оваа недела е во пленарен состав во Стразбур. Повеќе стотини пратеници, асистенти, стажанти и новинари го полнат градот секој месец за време на пленарните седници. Зградата на Парламентот синоќа беше затворена, а луѓето спречени да излезат од неа.

Дваесет и девет годишен маж синоќа изврши напад на најголемиот европски Божиќен пазар во центарот на Стразбур, при што загинаа три лица, а 11 се повредени, од кои пет се во животна опасност. Напаѓачот е се уште во бегство.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски