Европарламентот побара исклучување на Унгарија од носењето на одлуки во ЕУ

Од:

Со Резолуција, што со мнозинство гласови беше усвоена денеска на пленарнате седница на Европскиот парламент во Стразбур, европратениците побараа покренување на процедура за санкционирање на Унгарија, поради „јасен ризик од сериозно прекршување“ на европските вредности.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, Резолуцијата повикува на покренување на Членот 7 (1) од Договорот на ЕУ, кој предвидува дури и одземање на правото на глас на Унгарија во Европскиот совет.

Сепак, за овој член да се активира, освен гласање со апсолутно мнозинство на пратеници во Европарламентот, потоа е потребно предлогот да биде усвоен со мнозинство од четири петини од Советот и со мнозинство од две третини од вкупниот број гласови на земјите на ЕУ.

Дури и ако прелогот помине на ваквото гласање, Членот 7 ќе може да воведе санкции само ако го поддржат сите земји членки на Унијата, а потоа тоа со двотретинско мнозинство ќе треба да го потврди повторно Европскиот парламент.

Европратениците гледаат сериозно нарушување на владеењето на правото и демократија во Унгарија со, како што е посочено, „контроверзните закони“ за високо образование, за невладините организации и за барателите за азил.

Тие закони, според Европарламентот, треба да бидат суспендирани или повлечени. Исто така, се посочува дека фондовите што Унгарија ги добива од Унијата, дека треба да бидат силно мониторирани.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија