Европарламентот и го одзеде имунитетот на Марин Ле Пен

Од:

Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови изгласа укинување на имунитетот на европратеничката од Франција и главен кандидат на претстојните претседателски избори во Франција, Марин Ле Пен.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, оваа одлука на Европарламентот му овозможува на францускиот јавен обвинител да преземе правни мерки против претседателката на Националниот фронт.

Ваквите строги мерки против Ле Пен се преземаат поради тоа што таа во декември 2015 година објави слика на социјалната мрежа „Твитер“ од жртвите на терористичките напади на т.н. Исламска држава на Сирија и Левант (ИСИЛ). На една од сликите се гледа крвавото тело на американскиот новинар Џејмс Фоли со неговата отсечена глава на грбот, а на друга фотографија се гледа човек во запален кафез, додека на трета фотографија се гледа како тенк прегазува човек.

Премиерот на Франција Мануел Валс ги опиша фотографиите како „монструозни“, а министерот за внатрешни работи Бернар Казнев побара полицијата да ги испита твитовите на Ле Пен, кои таа веднаш откако се крена голема бучава во јавноста ги отстрани фотографиите.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз