Европарламент: Крај на Шенгенот би чинел дестици милијарди евра

Од:

Укинувањето на Шенген зоната и обновувањето на националните граници во ЕУ, би чинело околу 20 милијарди евра како почетна еднократна вредност, се наведува во извештај на Европскиот парламент, направен врз основа на истражување на еден непрофитен Институт.

Во документот се посочува дека на таа сума треба да се додадат дополнителни трошоци од две до четири милијарди евра годишно, што изнесуваат од 0,02 до 0,03 отсто од БДП на државите од Шенген зоната.

Реалните загуби од враќање на границите е речиси невозможно да се пресметаат, се наведува во документот и се додава дека статистиката досега не покажала зголемување на криминалот поради укинувањето на гранични контроли.

Како што се забележува во анализата, наведените суми вклучуваат трошоци за физичко враќање на границите, административни расходи поради контролите, како и загуби за патниците и трговците.

Документот на Европарламентот доаѓа во пресрет на одлуката, која се очекува во наредните денови, за тоа дали да бидат продолжени времените гранични контроли што ги воведоа Германија, Австрија, Шведска, Данска и Норвешка.

Според прогнозите, Данска и Германија ќе побараат контролите да продолжат.

Шенгенскиот договор дава можност за воведување на времени контроли на внатрешните граници во ЕУ во случаи на вонредни околности. Државите, кои времено ги вратија граничите контроли, таквата одлука ја оправудува со миграцискиот прилив.

Според официјалните податоци, минатата година во ЕУ пристигнале 1,2 милиони мигранти.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Хрватска го воведе еврото и влезе во Шенген