Eвропа утре потпишува договор за 300 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ и „Бајонтек“

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската комисија на утрешниот состанок на сите комесари ќе одобри договор за набавка на најмногу 300 милиони дози од вакцината што ја развија германската компанија „Бајонтех“ и американската „Фајзер“.

– Ова е најперспективната вакцина досега. Кога оваа вакцина ќе стане достапна, нашиот план е да ја примениме брзо насекаде во Европа, истакна фон дер Лајен.

Таа потенцираше дека ова е четврти договор со фармацевтски компании за набавка на вакцини за Европа.

– Ќе има уште затоа што треба да имаме широк асортиман на вакцини засновани на различни технологии. Безбедна и ефикасна вакцина е нашата најдобра шанса да го победиме коронавирусот и да се вратиме на нашиот нормален живот, изјави фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел