Европа пред сериозна закана, Европол презема мерки

Од:

Европа се соочува со најсериозна терористичка закана во изминатите повеќе од десет години, предупреди денеска Европол.

Тие наведуваат дека размената на податоци за антитероризам меѓу државите членки на ЕУ кон крајот на 2016 година била најголема досега.

– Нападите врз францускиот весник „Шарли ебдо“ во јануари 2015 година означија преминување на поширока стратегија на џихадистичкиот тероризам, посебно на т.н. Исламска држава со цел заплашување на западни држави со постојани терористички напади ширум Европа, се вели во соопштение на Европол.

Европската полициска служба истакнува дека и потенцијалниот пораст на повратници од конфликтните зони бара будност на сите вмешани актери.

– Отворањето на Европскиот антитерористички центар во јануари 2016 година беше одговор на ЕУ за новата закана, а неговото формирање како нова способност да се одговори на он-лајн терористичката пропаганда без преседан е значаен пресврт за безбедносната структура во ЕУ, наведува Европол.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата