Европа под вода, во Краков е најавена вонредна состојба

Од:

Според градскиот совет на Краков, нивото на Висла во Краков моментално е 372 сантиметри (2 сантиметри над нивото на предупредување). Предвидено е зголемување на нивото на водата до 400 см. Нивото на аларм е 520 см.

Полските медиуми јавуваат дека водата веќе почнала да навлегува во Краков, а градоначалникот најавил дека ќе прогласи вонредна состојба.

Циклонот Борис предизвика поројни поплави низ Европа. Обилните врнежи, силниот ветер и снегот ги парализираа Полска, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка и Романија. Центарот на циклонот Борис се движи кон Суботица.

Според последните податоци, во поплавите во Романија загинале пет лица, а оштетени се околу 5.000 куќи. Стотици луѓе се евакуирани во 19 региони на земјата.

Поради поплавите предизвикани од обилните врнежи, децата во Австрија и Полска утре нема да посетуваат настава.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Горан Наумовски

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски