Европа може да изгуби 100 милијарди евра поради „бавната“ вакцинација

Од:

Европската унија може да изгуби и до 100 милијарди евра поради загриженоста на инвеститорите за „бавното темпо“ на кампањите за вакцинација, јави Блумберг.

Како што забележува агенцијата, борбата против коронавирусот во Европа е побавна отколку што се очекуваше, што пак го забавува закрепнувањето на економијата, а со тоа и закрепнувањето на бизнисот.

Освен тоа, инвеститорите се загрижени и поради зголеменото ширеше на Ковид-19 во ЕУ, бидејќи тоа може да ги поткопа нивните стратегии, додаде агенцијата, повикувајќи се на изјави на претставници на „Блекрок Инвестмент“ и Банката на Америка.

– Европа мора да го забрза темпото на вакцинација ако сака да го победи вирусот. Во исто време (процесот на вакцинација) е отежнат од бирократијата и спротивставените изјави на властите, го цитира агенцијата Симу Шах, генералниот директор фондот за глобални инвеститори.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски