Европа испраќа војска: Ситуацијата е опасна, мора да се заштитиме

Од:

Десетте северноевропски земји кои ги сочинуваат Здружените експедициски сили (ЏЕФ) одлучија да ја активираат „одбранбената клаузула“ која овозможува распоредување на дополнителни воени ресурси за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море.

Овој потег беше повлечен по неколку инциденти во северните води.

Се вели дека повеќе поморски и воздушни капацитети ќе бидат распоредени во срцето на регионот за да помогнат во „заштитата на критичната подводна инфраструктура“, се вели во соопштението на министрите за одбрана на десетте земји.

– Ова е првпат ЏЕФ да ја активира одбранбената клаузула – истакнаа тие, посочувајќи дека нивните активности ќе започнат на почетокот на декември, како што пренесува Јуроњуз.

Фокусиран на оперативната одбрана во Северна Европа, ЏЕФ е коалиција од 10 земји предводена од Велика Британија, а ги вклучува и Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска.

– Околу 20 воени бродови ќе бидат распоредени во Балтичкото Море, но и во областите на Северен Атлантик, со цел да се земе предвид безбедносната ситуација и подобро да се заштити клучната подводна инфраструктура – изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на јавниот канал СВТ.

Тој рече дека зајакнувањето на воените сили е неопходно за да се соочиме со „многу сериозна безбедносна ситуација во светот, а особено во нашето соседство“.

– Мора да бидеме способни да извршиме ваков тип на операција за да ја одбраниме нашата витална инфраструктура, но и да испратиме сигнал до Русија – додаде Џонсон.

Земјите од ЏЕФ се согласија во октомври да ја зајакнат безбедноста во Балтичкото Море, откако подводниот гасовод меѓу Финска и Естонија беше затворен поради истекување за кое се вели дека е предизвикано од надворешни дејства. Подоцна беше откриено дека е оштетен и подводниот кабел меѓу Естонија и Шведска.

Финската полиција на крајот заклучи дека штетата на гасоводот била предизвикана од сидрото на кинескиот трговски брод кој ја напуштил областа. Но, инцидентот покрена шпекулации и ја зголеми нервозата.

Во септември 2022 година, гасоводот Северен тек, кој пренесуваше руски гас во Западна Европа преку Балтичкото Море, беше уништен поради конфликтот со Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Финските сеизмолози детектирале пет експлозии во руските води на Балтичкото Море

А1он

Гас од Северен тек 2 истекува во Балтичко море

Катерина Ѓуровски

Шведски суд му одреди притвор на Британец по сударот на бродови во Балтичко Море

А1он

Судир на два брода во Балтичко Море, во тек е спасувачка операција

Шведска ќе го повика рускиот амбасадор поради инцидентот над Балтичкото Море

Воена вежба на НАТО во пристаништето Шчечин

Наум Локоски