Гас од Северен тек 2 истекува во Балтичко море

Од:

Во гасоводот Северен поток еден забележан е пад на притисокот, само неколку часа откако беше пријавено истекување од паралелниот гасовод Северен поток два во Балтичко Море во близина на Данска, соопшти германското Министерство за економија.

Двата гасоводи дистрибуираат гас од Русија до Европа.

Данска и Шведска денеска соопштија дека откриле дека гасоводот Северен поток еден истекува на две места во Балтичко Море.

Гасоводот Северен поток два беше завршен, но никогаш не беше пуштен во употреба, додека Северен поток еден транспортираше гас во Германија до почетокот на овој месец кога руската компанија Газпром го прекина протокот,со образложени за итен ремонт. Иако не испорачаа гас во Европа, двата цевководи се наполнети со гас.

Данските поморски власти вчера открија истекување на гасоводот Северен поток два и издадоа предупредување за навигација и поставија забранета зона од пет наутички милји околу гасоводот бидејќи тоа претставува опасност за бродовите.

Би можело да ве интересира

Европа испраќа војска: Ситуацијата е опасна, мора да се заштитиме

Русија: Британската морнарица го разнесе Северен тек

Ана Ололовска

Финските сеизмолози детектирале пет експлозии во руските води на Балтичкото Море

А1он

Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на „Северен тек“

Ана Ололовска

Сојузник на Путин: Саботажата на „Северен тек“ е како напад на ЦИА во 1983 година

А1он

Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари

Ана Ололовска