Европа и САД се загрижени поради џихадистите во Турција

Од:

Европа и САД се загрижени дека Турција се соочува со закана од џихадисти не само на нејзината граница со Сирија, туку и во големите градови на земјата, каде се смета дека дејствуваат „заспани“ терористички ќелии, пишува грчкиот весник „Етнос“.

– Исламска држава е фундаментална закана за Турција, многу поголема од она што турската Влада може да го прифати, се посочува во анализата на италијанскиот Институт за меѓународни односи, а европскиот тинк тенк Карнеги Јуроп нагласува дека ИД претставува непосредна закана за Турција.

„Етнос“ тврди дека американските тајни служби ја предупредила Анкара уште во септември за време на средбата на НАТО во Велс за присуството на џихадистички ќелии, составени од поддржувачи на ИД во Истанбул, Анкара и Конја.

Претставници на тајните служби изјавиле дека повеќе пати досега изразувале стравувања од постоењето на такви џихадистички терористички ќелии и во други региони, најмногу во југоисточна Турција, Дијарбекир, Хатај, Шанлурфа, Ван и Газиантеп.

Како активна во истите области се смета и сунитската партија, Худа-Пар, крајно исламистичка религиозна формација, за која се смета дека одржува врски со џихадистите од ИД во Ирак и Сирија.

– Се претпоставува дека од вкупно 15 илјади џихадисти, за кои се смета дека патувале изминатите години за да војуваат во Сирија, речиси сите стигнале таму преку Турција, што значи во земјата на Ердоган има добро организирана мрежа, која ги пречекува џихадистите и ги носи до саканата земја. Треба да се забележи и фактот дека шверцот, кој се врши со пари на џихадистите од ИД се случувал преку Турција, пишува „Етнос“.

Весникот додава дека џихадистите контролираат околу 250 километри од 850 километарската граница меѓу Турција и Сирија.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски