Евроизборите денеска се одржуваат во Литванија, Малта, Словачка и Чешка

Од:

На денешниот трет ден од гласањето на изборите за Европскиот парламент ќе гласаат избирачите од Литванија (за осум европратеници), Малта (шест пратеници), Словачка (13 пратеници) и втор ден Чешка (21 пратеник). Денеска можат да гласаат и Французите, кои живеат на американскиот континент и во прекуокеанските територии на Франција.

Во Литванија евроизборите се сметаат за генерална проба пред парламентарните избори, кои се закажани за октомври. Според анкетите опозицијата има предност пред двете владејачки партии. Не се очекува висок евроскептицизам на гласањето, откако од почетокот на годината земјата го воведе еврото.

Во најмалата држава во ЕУ, Малта европската предизборна кампања мина под знакот на национални теми. Двете главни сопернички партии, владејачката Лабуристичка партија на Малта на премиерот Џозеф Мускат и конзервативците од Националистичката партија се очекува да добијат речиси еднаков број гласови.

Во Словачка се очекува одѕиот на гласачите да биде помал од 20 отсто, како и убедлива победа на владејачките социјалдемократи.

Во Чешка денеска веќе втор ден се гласа на евроизборите, кои се сметаат за тест за поддршката на проевропскиот курс на коалициската Влада на социјалдеморатот Бохуслав Соботка.

Евроизборите, на кои право на глас имат околу 400 милиони Европејци, почнаа во четвртокот со гласање во Велика Британија и Холандија, а продолжија вчера во Ирска и Чешка, додека утре на последниот изборен ден својот глас ќе го дадат граѓаните на останатте 21 држава-членка.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он