Евро и делумни локални избори во Велика Британија

Од:

Во Велика Британија денеска се одржуваат изборите за пратеници во Европскиот Парламент, додека во Англија и во Северна Ирска се спроведуваат и локални избори за еден дел од општинските совети.

Главната битка ќе се води на евроизборите, затоа што тие се последниот тест пред британските парламентарни избори предвидени за мај идната година.

За овие избори се пријавени 31 партија, но интересот на британската политичка јавност е насочен кон тоа каков резултат ќе постигнат Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон, лабуристите на Ед Милибанд, Либералмите демократи на заменик-премиерот Ник Клег и Партијата на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) на Најџел Фараж.

На евроизборите во 2009 година во Велика Британија победија ториевците освојувајќи 27,7 отсто од гласовите на Британците и 25 пратенички места во Парламентот во Стразбур. Втора беше УКИП, а на третото место останаа, тогаш, владеjачките лабуристи.

Последните прогнози за овие избори предвидуваат успех за евроскептичната УКИП, која на своја страна може да ги привлече и конзервативните гласачи од десното евроскептично крило во партијата на Камерон. Лабуристие на Милибанд во текот на кампањата водеа „мртва трка“ со УКИП и нивниот лидер Фараж околу тоа која од нив би можела да победи.

Фараж успеа да ги добие сите јавни дебати за еврозиборите со својата остра реторика против ЕУ, европската „скапо платена“ бирократија и особено против имиграцијата од земјите на Унијата, барајќи враќање на овластувањата што Лондон веќе му ги има отстапено на Брисел.

Испитувањата на јавното мислење покажуваат раст на евроскептицизмот во Велика Британија, што е показател дека УКИП на овие избори би можела да постигне најдобар резултат во своето постоење.

Како губитници се споменуваат ториевците, кој би можеле да паднат на третата позиција и особено либералдемократите на Клег, затоа што се предвидува и двете партии да остварат послаби резултати од оние пред пет години.

Според определената квота, Велика Британија има 73 пратенички места во европскиот Парламент, што го сочинуваат 751 пратеници. Покрај Британците, кои традиционално гласаат во четврток, денеска на гласачките места ќе излезат и Холанѓаните. Сите другите во ЕУ ќе гласаат во текот на претстојниот викенд.

На делумните локални избори во Англија и во Северна Ирска, се гласа за 4.216 советнички места во општините, при што речиси половината од нив се во Лондон и во неговите 32 општини.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он