Еврејка избодена во Франција, на влезната врата од станот пронајден кукаст крст

Од:

Триесетгодишна Еврејка денеска е избодена со нож во стомакот во нејзиниот дом во Лион, јавуваат француските медиуми. Жената е пренесена во болница и не е во животна опасност. Полицијата за „Фигаро“ потврди дека жената била нападната во квартот Монтлук околу 13 часот.

Жртвата можела да го опише својот напаѓач на полицијата. Таа рече дека маж облечен во темна облека, со маскирано лице, тропнал на нејзината влезна врата, а потоа ја нападнал.

Нападнатата жена била избодена двапати во стомакот, а напаѓачот се уште не е фатен.

Локалниот портал Tribune de Lyon пишува дека на вратата била пронајдена свастика издлабена со нож. Оваа информација ја потврди градоначалникот на Лион, Грегори Дусет, во објава на X (поранешен Твитер).

„Првите наоди го наведоа обвинителството да отвори истрага за обид за убиство што може да биде мотивирано од антисемитски мотив“, соопшти обвинителството во Лион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски